Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Охрид прoменливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

OhridNews










