Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 20 степени.
Во понеделник претпладне не очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната до 18 степени.
Г.М.












