И денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m²). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.

Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 11 степени.

Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 10 степени.

Г.М.