Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови.

Во Охрид, времето денес облачно со повремени локални врнежи од дожд со минимална температура до 4 и максимална до 13 степени.

Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури, велат од УХМР.

OhridNews