Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

OhridNews