Денес ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.

Во Охрид времето облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура до 8 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.

OhridNews