Бројните гости и граѓаните на Охрид повторно можат да стигнат до Канео по најкраткиот пат, откако е обновен Мостот на желбите, кој беше целосно уништен во големото невреме што го зафати Охрид на 17-ти март.

На дрвениот мост поставени се нови штици и санирани се оштетувањата кои ги направија големите бранови. Според најавите за Велигденските празници тој ќе биде целосно функционален.

Со ставањето во функција на Мостот на желбите граѓаните од Канео повторно имаат брза комуникација со центарот на градот, а посетителите ќе можат да уживаат во прекрасниот амбиент во некој од угостителските објекти во рибарската населба каде се наоѓа една од најубавите цркви во православието Св. Јован Канео.

OhridNews