По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ, денес, во Охрид, организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“.
Маршот започнува во 12 часот, кај Спортскиот центар „Билјанини извори“, а ќе продолжи по булеварот „Туристичка“, низ чаршијата и ќе заврши на плоштадот, кај градското пристаниште.
По завршување на маршот, свои обраќања ќе имаат: Цветанка Ласкова- Координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Оливер Спасовски- Генерален секретар на СДСМ, Радмила Шекеринска- Заменик претседател на СДСМ и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
OhridNews