Во рамки на трилатералната средба за научна соработка што се одржува во Охрид, денес, водечките универзитети и академии на науки од Македонија, Турција и Бугарија, потпишаа петгодишен Меморандум за соработка со кој се предвидува унапредување на досегашната соработка меѓу институциите на национално и  меѓународно ниво со која се предвидува тие заеднички да аплицираат за добивање средства од фондовите на ЕУ.

На средбата присуствуваа ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитетот во Истанбул и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски, како и претседателите на Македонската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Бугарската академија на науките, придружувани од делегациите на соодветните институции.

Рекоторт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. Д-р Велимир Стојковски, посочи дека ЕУ ја отвори програмата „Хортизонт 20-20“, којашто за научно-образовните институции од земјите во регионот претставува исклучителна можност да дојдат до средства за истражувачки дејности, за што, како што рече, е потребно големо залагање.

-Продорот на тој простор за земјите од Балканот е многу потежок затоа што се разботи за големи средства за што се потребни солидни апликации. Тоа беше нашата основна идеја при формирањето на оваа иницијатива, на која ќе се приклучлат и другите универзитети за поефикасен заеднички настап и аплицирање пред европските истражувачки фондови. Сметам дека ова еден чекор кој што е навистина значаен и ќе даде нова димензија на нашата ионака успешна соработка, меѓутоа вака обединети со една заедничка платфорта сигурно ќе бидеме поуспешни во аплицирањето пред фондовите на ЕУ, од што бенефит ќе имаат и универзитетите и академиитеа, а сигурно и нашите држави.-изјави Стојковски.

Оваа средба има големо значење и отвара нова страница во соработка помеѓу академиите и високообразовните институции во регионот, оцени претседателот на МАНУ Владо Камбовски.

-Иницијативата ќе продолжи со конкретни договори и проекти за аплицирање пред фондовите на ЕУ како „Хоризнт 20 – 20“ и други програми. Таа е од исклучитечно значење, бидејќи на овој начин се демонстврира заеднички пристап во насока на подигање на авторитетот на науката и образованието и институциите во таа област како мост на пријателство, зближување и братство помеѓу балканските и натродите во блиското опкружување. – рече академик Камбовски.

На средбата се обрати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми кој истакна дека лесно е да се иницира заедничката соработка кога сите земји во регионот се стремат кон зајакнување на научната дејност, како главен столб на општествениот развој. Адеми додаде дека Република Македонија активно се вклучува во поддршката на науката и научно – истражувачката дејност, преку стратешки реформи и преку директни капитални инвестиции, кои веќе даваат видливи резултати.

OhridNews
фото: МИА