ЛДП смета сека паркинзите се исплатива варијанта за јавното претпријатие „Билјанини извори“ и истото треба самостојно да продолжи да стопанисува со нив. Според оваа партија не држи објаснувањето на надлежните во локалната власт на ВМРО ДПМНЕ за оправданоста од стопанисување со паркинзите во Охрид по принципот на јавно приватно партнерство.

-Ако се има предвид дека секој приватен стопанственик работи за интерес, тогаш како не убедуваат дека со јавното приватно партнерсто ќе има интерес и градот и приватниот стопанственик, а нема да има интерес доколку ЈП самостојно стопанисува?! – прашува ЛДП.

ЛДП смета дека треба да се преиспита одлуката за стопанисување со паркинзите по принципот на јавно приватно партнерство, од причина што потребниот софистициран систем за опслужување на паркинзите јавното претпријатие може да го набави самостојно.

-Само за илустрација, во повеќето општини во земјава постои ваков софистициран модел на наплата и поставувањето на истиот чини околу 40 илјади евра. Ако подигнете кредит од комерцијалните банки по пристојна бизнис каматна стапка на пример (4,5 проценти), со рок на отплата на (15години), со соодветен бизнис план, месечната рата за отплата би се движела околу 300 евра. Повеќе од јасно е дека оваа месечна рата е издржлива за едно семејство, а да не зборуваме за едно јавно претпријатие и локалната самоуправа. Потенцираме дека со оглед на имотот кој го има јавното претпријатие ваквиот износ би го одобрила секоја комерцијална банка без оглед на долговите кои ги има општината и јавното претпријатие.Реално, постојат проекти во кои јавното приватно партнерство е неизбежно од аспект на преголемите финансии кои се потребни и како опозиција постојано даваме поддршка на таквите одлуки. Но, кога станува збор помали износи тогаш тоа е класично раскрчмување на интересите на охриѓани. – велат од ЛДП.

ЛДП апелира до мнозинството во советот да размисли како ќе гласа, особено што темата паркинзи била вид носечки маркетинг во предизборната кампања од партијата на власт како горлив проблем со кој се соочуваа туристите и граѓаните. Доколку дадените препораки не се земат предвид, ЛДП и нејзиниот претставник во советот  најавија дека ќе иницираат петиција со која граѓаните би покажале дека се против ваквите одлуки.

Од локалната самоуправа по изнесениот став на ЛДП со коментар дека тоа што го кажуваат од  партијата,  би било во ред  доколку како партиципиенти во минатата локална власт, не направеле  финансиски пустош во сите Јавни претпријатија и во општина Охрид.

– По кој знае кој пат им укажуваме дека Јавното претпријатие  поради големите долгови од минатото е кредитно неспособно. Па од тука ова нивна ‘голема  идеја’  паѓа во вода. Ние би ги запрашале, каде беа вашите ‘големи идеи’ кога минатата локална власт,а вие како дел од неа и подржувачи на нејзините одлуки, донесе одлука паркинзите да се издадат под концесија? Каде беа вашите идеи кога се донесе одлуката за зголемување на цената за паркинзите? Каде беа вашите идеи кога се наплаќаше во речиси цело централно подрачје?, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, додаваат дека нормално е приватникот да остварува профит, при што и ЈП „Билјанини Извори“  и граѓаните на Охрид ќе имаат бенефит. Потсетуваат дека новата локална власт, веднаш по доаѓањето, паркинзите ги врати во сопственост на претпријатието, со што се обезбедило нормално функционирање на претпријатието, егзистенција за вработените и намалување на енормно високите цени за паркирање.

Од ЛДП со контрареакција по коментарот на општина Охрид, наведувајќи дека партијата не била учесник во поранешната власт.

„Методите на кратки спинови завршија. Треба да сте тотално неиформирани  за да не знаете  дека ЛДП не била учесник во поранешната власт, уште повеќе кога  нејзиниот советник во овој состав  гласаше за одлуката предложена од новата власт во локалната самоуправа,  односно за враќање на паркинзите на јавното претпријатие Билијанини извори, за да се има ваква контрареакција. Брилијантонста во глупавоста нема крај. За жал, ние нама да ставиме наводници. Отука, не само што имаме кредибилитет да зборуваме туку поседуваме и огромна одговорност за општествениот интерес на заедницата. Залутаните контрареакции  зборуваат за немањето аргументи со кои би оговориле на добронамерниот предлог.“ – велат од ЛДП Охрид.

Оттаму бараат локалната власт да одговори зошто не ги прифаќа предлозите или да се извини на граѓаните за промената на ставовите на мнозинството од пред само неколку месеци.

„Повторно, само за илустрација,  еден од поранешните  концесионер на паркинзите пријавил приход на годишно ниво кој што не само што го покрива овој систем туку овозможува непречено исплаќање на веќе петтата задоцнета плата во Ј.П Билјанини извори. Пред бројките и боговите молчат. Граѓаните знаат.“ – велат од ЛДП Охрид.

Општина: Малкумина од ЛДП земете ги книгите по економија и право и конечно научете што е тоа јавно –приватно партнерство

На контрареакцијата на ЛДП реагираше Локалната самоуправа, која и препорачува на ОО на ЛДП  да ги земете книгите по економија и право и да го проучи законот за јавни набавки со цел да се стекне со основни познавања од областа на јавно -приватно партнерство.

Малкумина од ЛДП ви порачуваме, најпрво да се образувате и едуцирате за да не бидете смешни со ниски испади пред возрасните но и пред децата од пред школска возраст кои најверојатно повеќе од вас знаат што е тоа јавно приватно партнерство. Наместо да се замајувате себеси (затоа што другите не можете), со чаршиски муабети ви препорачуваме во иднина да се служите со факти, вистини и аргументи кои за жал за вас се се уште само апстрактни поими.- се вели во реакцијата.

 OhridNews

Паркинзите ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги стопанисува партнерски со приватна фирма