Најавите на германските медиуми се остварија. Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти веднаш по пристигнувањето во Германија доби отказ од управата на Баерн Минхен.
Негов привремен заменик ќе биде поранешниот фудбалер на „баварците“ Вили Сањол. Со Анчелоти заедно заминуваат неговите помошници и надворешните соработници.
Притисокот на плеќите од Анчелоти почна да се прави после поразот од Хофенхајм и ремито со Волфзбург во Бундес лигата, а кулминираше во Париз после поразот од ПСЖ.
Фаворит за целосно преземање на кормилот во клубот е Томаш Тухел. Тој е поранешен стратег на Борусија Дортмунд, кој моментално е без тренерски ангажман, а ги задоволува сите критериуми на Ули Хенес кој посакува германски стручњак на клупата.
OhridNews