Непријатниот чад кој во делови на Охрид можеше да се почуватсвува во текот на ноќта и утрово е последица на големиот шумски пожар во атарот на селото Вапила, охридско. Пожарот како што информираат надлежните е локализиран и ставен под контрола.

Најкритично било  во текот на ноѓта кога огнената стихија стигнала на околу 500 метри од куќите, но опасност по нив немало. Ангажирани биле капацитетите на охридската противпожарна единица, која го ставла пожарот под контрола, но утрово повторно се појавил оган во непристапни делови со букова и дабова шума поради што биле ангажирани специјалните противпожарни авиони кои вода црпеа од Охридското Езеро.

Пожарот кој избувнал вчера околу 16 часот во околината на селото Вапила е локализиран и нема опасност зпо селото. Во гаснењето освен противпожарната служба и авиони, вклучени биле и работници на Македонски шуми. Предизвикана е голема штета на борова и дабова шума.

OhridNews
фото: Архива