Најмалку две лица ги загубија животите, а неколку се борат за живот кога автобус полн со патници, од засега непознати причини, изгубил контрола ги пробил заштитните огради и излетал од автопатот Тетово – Скопје, кај Карпалак. Неофицијално автобусот е на гостиварската компанија „Дурмо турс“.

Очевидци велат дека сликата на местото на несреќата е стравична, како и дека има многу повредени патници, на кои лекарска помош им укажуваат бројни екипи од Скопје, Тетово и други градови. Триесет и пет од нив се хоспитализирани во болницата „8ми Септември“ во Скопја, од каде вечерва информираа дека две лица биле донесени мртви, а тројца се борат за живот. Дел од повредените се пренесени на ургенниот центар во Скопје, меѓу кои и една бремена жена.

На местото на настанот во тек е увид.

OhridNews