На 06.06.2026 во 12:30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на улицата „ Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, маж и жена од струшкото село Велешта, физички нападнале 38-годишна жена од селото Долно Татеши.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишна скопјанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Таа, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, извршила изградба на индивидуална семејна куќа. Тоа било констатирано по спроведен вонреден инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор кој, врз основа на затекнатата состојба, донел решение за отстранување на градбата, соопшти Димоски.
Г.М.













