Сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на Рача. Автомобил од засега неутврдени причини изгубил контрола и излетал од коловозот.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во незгодата повреден е возачот на автомобилот. Тој е пренесен во општата болница во Охрид и се наоѓа надвор од животна опасност.
На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција. Се очекува СВР Охрид да соопшти детали за сообраќајната несреќа.
OhridNews