Во рамки на празнувањето на празникот Голема Богородица, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и денес беше меѓу народот кој го одбележува празникот. Тој денес е гостин во селото Слатински Чифлиг каде масовно се одбележува овој голем христијански празник.
Вчеравечер, градоначалникот Бакрачески, присуствуваше и на општонародната прослава на Голема Богородица во селото Куратица. На одбележувањето беше приредена и културно уметничка програма со настап на естрадни имиња.
OhridNews
OhridNews