Локалната самоуправа и годинава со низа активности го одбележува Меѓународниот ден на жената. Градоначалникот Никола Бакрачески,во соработка со општинскиот Црвен крст, на околу 60 самохрани мајки корисници на социјална помош им го честита 8- ми март подарувајќи им цвеќе и пакет со средства за лична хигиена.

Им го честитам денот на сите жени и мајки, им посакувам многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата. Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања од сите области во кои локалната има ингеренции и се она што сите нас не засега, изјави градоначалникот Бакрачески.

Меѓународниот ден на жената градоначалникот им го честита и на жените со посебни потреби и инвалиди на трудот,како и на жените претприемачи од Охрид и жените кои изградиле успешна кариера.

OhridNews