Без победник, 1:1, заврши дерби пресметката од Ц групата на ЕП, помеѓу Шпанија и Италија.
Шпанците кои мечот го почнаа без класичен напаѓач, во првиот дел се обидуваа со нивната препознатлива игра со кратки додавања да го загрозат голот на одличниот Буфон, но италијаните беа поконкретни во нападот. Најголемата шанса ја пропушти Тиаго Мота во финишот на првото полувреме, однсно Касиљас извонредно го скроти неговиот удар со глава.
Марио Балотели пропушти извонредна шанса на почетокот на вториот дел откако претходно украде топка од Серхио Рамос, кој ја искористи колебливоста на младиот напаѓач и успеа да ја поправи грешката. Веднаш потоа Прандели го повлече од игра Балотели и на теренот го внесе Ди Натале кој во првиот контакт со топката на асистенција на Касано го отвори резултатот. Но, радоста на италијаните траеше само неколку минути, кога Фабрегас за момент и побегна на одбраната на азурите и израмни на 1:1.
До крајот на мечот шпанците беа тие кои го диктираа темпото, но благодарение на промашувањата на нововлезениот Торес резултатот остана непроменет. Во финишто на мечот голема шанса пропушти и Ди Натале, за можеби и најправедниот исход на мечот.