По се изгледа дека и оваа година, новогодишната понуда на охридските ноќни клубови, кабареа, кафетерии, ресторани и хотели е доста примамлива како за охриѓани, така и за туристите во градот. Во најголем дел, местата се веќе однапред резервирани, а понудата збогатена со одлична музичка програма.
Во ноќниот клуб Хавана и плажата бар Куба Либре, забавата започнува од 21 часот која ќе биде пропратена со комерцијална музика од сите жанрови, а заинтересираните можат да резервираат место на телефонските броеви 075 415 112 или 075 410 460.
Кафе барот План Б, нуди одлична забава со жива свирка и диџеј од 21 часот, а влезот и резервациите се бесплатни.
Kadmo beach традиционално и оваа година ветува незаборавна забава за дочекот на новата 2014 година со групата „Деспина“, која е веќе докажана низ Македонија. Почетокот е од 22 часот, а цената на карта е 600 денари во која е вклучен еден пијалак. Резервации можат да се добијат на броевите 075 302 304, 078 264 330, 078 299 716, 077 606 660, 077 519 774.
Новогодишната еуфорија во Kadmo bar е загарантирана за 1200 денари за висока маса, односно 1500 денари за сепаре, а во цената се вклучени 4 пијалаци, ладна/топла даска, клуб сендвич, овошје и апетисани. Почeток 22 часот.
Во кафе барот „Хемингвеј“, дочекот на новата година започнува од 21 часот, а за забавата ќе се погрижат добро познати диџеи.
Ресторанот „Св. Софија“ нуди комплетно мени за 35 евра, со традиционално староградска музика, додека во плажа ресторанот „Потпеш“ влезот е бесплатен. Почеток од 21 часот.
Хотел „Гарден“ ветува одлична забава со жива музика за 35 евра во кои има 5 евра пијалок, додека за втората вечер, овој објект има понуда од 900 денари за шведски стол.
Од хотел „Чинго“ велат дека за новогодишните празници сместувачките капацитети се полни, додека од хотелот „Royal View“ ветуваат одлична забава со жива музика.
Ресторанот Dj Pizza, по повод новогодишните празници со секоја голема пица подарува цд од DJ Crazy Slave, а во понеделник со секоја купена голема пица следува гратис мала.
OhridNews