Бродската линија Охрид – Поградец, сообраќајното поврзување и либерализацијата на транспортот на стоки беа тема на разговор на трилатералната средба на министрите за транспорт и врски на Македонија, Албанија и Косово, што денеска се одржува во Охрид.

Во врска со отварање на бродска линија Охрид – Поградец, министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески, истакна дека на состанокот било заклучено да се разгледа можноста за воведување сезонски чартер бродски линии меѓу Охрид и Поградец, бидејќи направените анализи покажале дека кај превозниците од двете страни на Охридското Езеро нема економски интерес за воспостаување редовна линија.

На средбата во Охрид било договорено Македонија, Албанија и Косово да  ја интензивираат соработката во насока на либерализација на транспортот на стоки помеѓу трите држави и подобрување на патната инфраструктура и железничко поврзување преку изградба на коридорот 8. За таа цел на 17-ти јануари во Тирана ќе се одржи технички состанок, на кој не е исклучено да присуствуваат и претставници на други држави од регионот.

На оваа средба, како што беше најавено, ќе учествуваат претставници на повеќе институции од Македонија и Албанија, со цел изготвување акциски планови за начинот како ќе се регулираат царинските и пасошките процедури за воведување на бродската линија Охрид – Поградец.

OhridNews