Најмалку 21 лице загинале во невремето што во неделата вечерта го зафати скопскиот регион. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за Макфакс, до 15 часот официјално потврдени се 21 жртва, 20 се идентификувани, а едно лице е неидентификувано.
Во поплавите повредени се 22 лица, а шест се водат за исчезнати. Засега не се соопштуваат имињата на жртвите, но сите се најдени на подрачјето на селата Сингелиќ, Стајковци, Арачиново и Смилковци.
Овие села беа најпогодени од невремето, поплавени се и разрушени куќи и автомобили, жителите се бе струја.
Поради настанатите свлечишта, кај клучката Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.
Во временскиот период од 19,30 часот до 04.30 часот, поради настанати поплави во градското подрачје, блокирани за сообраќај беа бул.Киро Глигоров, бул.„Србија“, бул.Гоце Делчев (кај стоковна куќа Мост), ул.„Александар Урдаревски“, ул.„Бихаќка“ како и клучката кај хотел Континентал.
Се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода,и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење, информираат од МВР.
За таа цел, подрачјето зафатено од елементарната непогода, поделено е на два реона, и тоа:
Прв реон – обиколница кај Смилковско езеро, Камник до улица„Алија Авдовиќ“, на кој терен претрес ќе вршат АРМ и Втор реон – од улица „Алија Авдовиќ“ према с.Арачиново на кој терен претрес ќе вршат МВР и притоа се ангажирани полициски службеници од (ЕСЗ, ЕБР, ПС ОН и ЕЈРМ).
Во врска со настанатата елементарна непогода, до 06:00 часот пријавени се 22 повредени лица и тоа во ГОБ 8-ми Септември – пет лица, ГОБ Св.Наум Охридски – 12 лица и Ургентен центар при клиники Мајка Тереза –пет лица.
До 15:00 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал, УПС од надлежната ПС и тим од погребално Бутел, пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и с.Црешево.
Од 07:00 до 11:00 часот, дополнително се пријавени уште 56 повредени лица на третман во здравствени установи, од кои девет се задржани, а останатите се пуштени на домашно лекување.
Од страна на екипи од Општината Гази Баба и Град Скопје ангажирани се правни лица со механизација за расчистување на штетите настанати од непогодата.
Од страна на против пожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од нас.Ченто према с.Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.
Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, 9 пинцгауер, 3 џип чироки, 5 хермелини, 3 хамери, 1 подвижна механичарска работилница, 3 санитетски возила и 3 хелихоптери, додека пак од СВР Скопје,, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети.
„Макфакс“
OhridNews