Челзи по продолженијата го совлада Наполи со 4:1 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампиони во Лондон и се пласира во наредната фаза од елитното натпреварување.

Во првото полувреме наполитанците ја контролираа играта во воведните дваесет минути кога создадоа повеќе стопостотни шанси и упатија дури шест удари кон голот на Чех, но доволна беше една употреблива топка во шеснаесетникот на Наполи за извонредниот Дрогба да го отвори резултатот. Само што започна вториот дел Тери зголеми на 2:0, а Наполи возврти преку Инлер кој со прекрасен гол ги врати гостите во игра. Во 75 минута Лампард од пенал го доведе Челзи во водство од 3:1, идентичен резултат со кој Наполи славеше во првиот натпревар.

Драмата продолжи и во продолженијата. На истекот на првите 15 минути Ивановиќ на асистенција на Дрогба го доведе Челзи во водство од 4:1, резултат кој англичаните ги одведе помеѓу осумте најдобри во Европа.

Нашиот Горан Пандев ги одигра последните петнаесет минути од драматичниот меч, но ниту тој не успеа да го спаси Наполи од елиминација.


Челзи – Наполи 4:1

OhridNews