По повод одбележувањето на 7-ми ноември Денот на ослободувањето на Охрид, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.
– Почитувајќи ја борбата на нашите претци за слобода, како демократска институција, доследно ја продолжуваме борбата за мирен и безбеден Охрид. Работиме професионално, неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста. Посветено продолжуваме во сузбивањето на сите видови криминалитет, максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашиот Охрид и нашето демократско општество, се вели во честитката од СВР Охрид.
И од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на ситеграѓани им го честитаат денешниот празник 7-ми Ноември.
– Денес се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот. Ова е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон сите оние борци кои придонесле за ослободувањето на Охрид. Дел од нив, за жал, оваа слобода ја платија прескапо, со положување на сопствените животи.Нивната борба и пожртвуваност како аманет тлеат во секој еден од нас и како завет дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна, велат вод ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Честитка за празникот упатуваат и од здружението Титоисти.
– Во својата вековна историја, Охрид запишал многу значајни датуми за своето постоење. Но, ниту еден датум ја нема симболиката на ослободувањето, на зачекорувањето во мирот и просперитетот, на удирањето на темелите на еден современ град, како што е денешниот датум, 7-ми Ноември. На овој ден, се враќаме седум децении наназад, во светлината на ноемврискиот ден, кој на Охриѓани им ја донесе толку посакуваната слобода, како најсилен и најзначаен симбол на секој слободољубив народ, велт од здружението „ Титоисти“.
OhridNews