Градоначалникот Александар Петресеки и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески, на сите граѓани на Охрид и на Република Македонија им го честитаат 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-Идеалите на нашите предци за кои ги положиле своите животи денес се реалност. Благодарение на нив, ние денес постоиме како независна држава. Ние сме должни да ги чествуваме и да ги продолжиме нивните дела. Празничниот ден помитене го во мир, хармонија и надеж за подобро утре, се навдеува во честитката до граѓаните.

Честитка до граќаните по повод Денот на македонската револуционерна борба испрати и ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

-Со обележување и празнување на  23  Октомври се оддава почит кон создавањето на  Македонската револуционерна организација и воедно преставува ден кога се спомнуваат и им се оддава почит на  сите личности и настани кои низ револуционерни борби, идеали, верувања успеале низ тековите на историјата да ја  постигнат крајната цел НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, се вели во честитката на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Празникот на граѓаните им го честитаат и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.

-Создавањето на револуционерната организација беше инспирирано од слободарските идеали на целокупниот народ и во неа се вградија луѓе од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност и со различни политички идеологии. Нивната заедничка цел – политичка и социјална слобода за Македонија беше визијата која ги обедини и зад која застана севкупното граѓанство, стои во честитката на претседателот Иванов.

Со своето дело, илинденската генерација го направи достапен сонот за слободата, сон кој продолжи да се сонува од сите следни генерации, за конечно да стане реалност на заседанието на АСНОМ во 1944 година и целосно да се потврди на референдумот за независност на Македонија во 1991-та година. Наша обврска е да ја продолжиме изградбата на нашата Татковина Република Македонија во силна, модерна и напредна држава, член на Европската Унија и НАТО. Дострелот на македонската револуционерна организација е пример за восхит и почит! – се вели во празничната честитка на македонскиот премиер.

OhridNews