
Поради сериозноста на повредите, едно лице е пренесено во Ургентниот центар во Скопје додека другото тешко повредено лице е задржано во Општата болница во Струга. Останатите шест лица кои биле во чамецот, по првичниот медицински преглед се пуштени на домашно лекување.
Несреќниот настан е случен во момент кога чамец во кој се превезувале вкупно десет лица пловел под електричен далновод кој поминувал над реката.
Со навремена интервенција на полицијата, медицинските екипи и месното население од селото Ташмаруништа, сите 10 лица се извлечени од чамецот и со возила на брзата помош се пренесени во општата болница во Струга.
На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвини- тел и полициски екипи.
СВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.












