Д-р Митко Тилевски, вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија и поранешен раководител на оваа установа, ќе биде кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, дознава OhridNews.
– Се надевам на поддршка од граѓаните. Заеднички да продолжиме со борбата Охрид да го направиме подобро место за живеење. Нашиот град го заслужува тоа, изјави д-р Тилевски за OhridNews.
Исто така неофицијално дознаваме дека листата на советници на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе ја предводи актуелниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, стоматологот д-р Кирил Пецаков.
Локалните избори во Охрид ќе се одржат на 15-ти октомври.
OhridNews


.jpg)










