Интернистот Д-р Сашо Василевски, искусниот пратеник Александар Николоски и актуелниот директор на Општата болница во Охрид Д-р Љубен Арнаудов, ќе бидат кандидати за пратеници од Охрид на листата предложена од ВМРО ДПМНЕ. Ова било одлучено на состанокот на партискиот врв вечерва по што листата за пратеници согласно законот е предадена на ДИК. Кандидатската листа на владејачката коалиција во „петка“ ја предводи поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, Д-р Василески е на 4-та позиција, Николоски 9-ти, а Арнаудов 16ти.
Носител во првата изборна единица ќе биде премиерот Никола Груевски, во „двојката“ министерката за внатешни работи Гордана Јанкуловака, министерот за здравство Никола Тодоров е носител во 3 ИЕ, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе ја предводи пратеничката листа во четвртата изборна единица, а носител во 6 ИЕ ќе биде министерот за надворешни работи Никола Попоски.
OhridNews