
Како што изјави попладнево Огненоски, неговиот избор бил предложен од ВМРО ДПМНЕ, а поддржан едногласно од сите советници.
Претходно од локалната самоуправа информираа дека изборот бил поддржан од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која со независниот советник ќе формира мнозинството од шест советници.
Според истиот извор, опозиција во Советот на општина Дебрца ќе биде „Сојузот за иднината“, која на неодамна завршените локални избори освои 5 советнички мандати.
OhridNews












