
Убиството се случило во селото Орман синоќа нешто пред 20 часот во семејната ќуќа на осомничениот. Како што соопшти полицијата, на немилиот настан му претходела жестока семејна расправија во која имало закани по живот.
-Жестоките вербални расправии започнале вчера околу 18 часот во семејната куќа на осомничениот, кога неговиот зет дошол кај него со цел да разговараат за одрдени проблеми кои што ги имале веќе извесен период наназад. Тој обид преминал во жестока расправија при што сега починатиот упатил закани дека ќе посегне по животот на неговиот дедо и по останатите членови на неговото семејство. Расправијата продолжила во една од собите при што дедото успеал да го извлече зетот во дворот, ја затворил вратат и се повлекол во неговата куќа. Зетот се обидел преку прозорот да влезе во куќата при што плашејќи се за својот живот дедото ја зел ловната пушка која ја поседувал со одобрение и испукал еден куршум во пределот на градите, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Веднаш по настанот осомничениот се јавил во полиција и го пријавил убиството, по што бил приведен. Во исказот истакнал дека не знаел оти пушката била полна. На местото на настанот извршен е увид, а по налог на истражен судија врз телото на убиениот ќе биде извршена обдукција.












