Со 12 гласа ,,За” Советот на Општина Охрид денес го избра Дејан Додевски за нов Командир на Охридската полиција.
Според биографијата доставена до МВР, Додевски завршил Факултет за туризам и угостителство во Охрид и има 17 години работно искуство во МВР, а на местото командир доаѓа од позицијата советник за континуирано стручно оспособување во СВР Охрид.
За изборот на командир беа предложени и Влатко Арсоски и Дејан Наумоски, вработени во Секторот за внатрешни работи во Охрид.
OhridNews