Индијците предводени од сопругата на мултимилијардер Субрата Рој, првиот човек на „Сахара Груп“, кои вчера пристигнаа во Скопје, во текот на денешниот ден  ќе допатуваат во Охрид,јави МИА.

Според истиот извор, покрај сопругата на Субрата Рој, која е и потпретседател на компанијата, во Македонија е дојден и неговиот син. Во делегацијата со членовите на семсјтвото Рој е и познат филмски продуцент од Индија, кој работи за филмската групациј. Негова задача е да разгледа делови каде во иднина евентуално би можело да се снима некој од филмовите што ги прави нивната компанија.

Индијците, кои синоќа се сретнаа со премиерот Никола Груевски, се најзаинтересирани за инвестиции во туризмот, земјоделството, рудниците…

Директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Виктор Мизо е задолжен да ја придружува делегацијата додека се во посета на Република Македонија. Со делегацијата е и промоторот на Македонија во Индија Тони Атанасовски, но и неколку луѓе од Агенцијата за странски инвестиции, слободните зони, како и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков.

Делегацијата во Македонија ќе престојува до понеделник, а викендов ќе им се приклучат и неколку министри. Се очекува идијците да се сретнат и со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој е прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија. Ваботува околу два милиони луѓе, има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети… Првиот човек на „Сахара груп“, ја посети земјава пред две недели и најави дека планира голема инвестиција во Македонија.

OhridNews