СВР Охрид ја потврди информацијата дека била добиена куса дојава за бомба на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Исто така, денеска нешто по 14 часот од нерегистриран странски број, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје добил повик за поставена бомба, по што полициските екипи го опколиле аеродромот, а вработените во дуќаните и патниците се извадени надвор од аеродромската зграда.
Инаку, дојавите доаѓаат во момент кога голем број на иселеници од дијаспората, пристигнуваат во Македонија за претстојните локални избори.
OhridNews












