Во неколку наврати укажувавме и понатаму ќе ја информираме јавноста за начинот на работа на СДСМ, на нивните веќе видени функционери кои сакаат да се амнестираат од нивното политичко минато и денес да ни се престават како нови лица на охридската односно македонската политика,истакна претседателот на Унијата на млaди сили на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Сашо Донев.

Донев рече дека додека Томислав Тунтев ја извршувал една од највисоките функции за време на владеењето на СДСМ со градот Охрид и бил заменик градоначалник и координатор на советничка група,  во јавното претпријатие „Нискоградба“ во периодот од 2010 до април 2013, за репрезентација, мобилни телефони, гориво, патни трошоци, реклама, бил направен долг на претпријатието во висина од 71.777.144 денари.

– После ваков принцип на овозможување на ова претпријатие за таложење на долговите кои сега треба да ги плаќаат охриѓани, се прашуваме каква ли ќе биде политиката на Томислав Тунтев и СДСМ кон државата. Каква ли ќе биде заложбата на СДСМ и Томислав Тунтев кога како заменик градоначалник овозможил или барем во најмала рака не го спречил претпријатието од финансиски колапс. Кога наместо потрошени средства за огромни репрезентации на претпријатието можеле да се асфалтираат улици, да се задоволат инфраструктурните потреби на граѓаните. СДСМ и нивниот кандидати за пратеници  покажаа и докажаа дека нивната политика во Охрид е погубна, рече Донев.

Тој додаде дека е сигурен дека на престојните претседателски и парламентарни избори охриѓани ќе ја одберат страната на домаќинското работење, страната на ВМРО ДПМНЕ .

OhridNews