Трагедијата ја спречиле случајни минувачи кои ја извлекле девојката од реката. На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата, како и екипи на медицинскиот центар и центарот за социјална работа.
За среќа девојката минала без повреди, а благодарение на присебноста на минувачите драмата завршила со среќен крај.
Надлежните служби ги утврдуваат мотивите поради кои малолетничката се решила на ваков чин, а поради чувствителноста не се соопштуваат други детали за случајот.