Непознат сторител ноќеска со остар предмет оштетил пневматици на повеќе возила кои биле паркирани во близина на центарот на Охрид на улиците Ванчо Николески, Партизанска, Димитар Влахов и на полигонот за мали спортови.
Утрово жителите од овој дел на градот ги затекнала непријатна глетка. Како што изјавија очевидци за OhridNews, гумите на возилата биле оштетени на идентичен начин. Мотивите за овој вандалски чин се непознати, а предизвикана е поголема материјална штета.
Официјално до СВР Охрид пристигнале пријави за пет оштетени возила. Полицијата утрово изврши увид на местото на настанот и трага по сторителот.
OhridNews