Дваесетина повредени во денешната оружена пресметка во Куманово досега се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, објавија националните медиуми. Шеснаесет се во Ургентниот центар, а на дел од нив во моментов им се вршат хирушки интервенции.
Дел од повредените во Скопје беа транспортирани со возила на прва помош, а дел со хеликоптер. Повредени полицајци од Куманово се пренесени и во градските болници „8-ми Септември“ и „СВ. Наум Охридски“.
Дежурниот лекар во Кумановската болница Драган Тасевски потврди за МИА дека утринава во 5:15 часот тројца полицајци повредени од огнострелно оружје биле донесени во болницата и по укажаната прва помош се префрлени на скопските клиники. Еден полицаец со повреди на левата потколеница е задржан во кумановската болница.
OhridNews
Фото:„МИА“