Сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот Охрид – Струга, во близина на аеродромот.
Во судир на две патнички возила со струшки регистарски таблици марка „Сеат“ и „Пежо“ повредено е едно лице, кое било пренесено во специјалната болница „Св. Еразмо“.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, информираше дека во тек е увид на местото на настанот кој треба да ги расветли околностите под кои се случила незгодата. Најверојатно возилата се судриле при разминување. Двете возила претрпеле материјална штета, чија висина се утврдува.
Увидот на местото на сообраќајната несреќа е во тек.
OhridNews