Едно лице е приведено, а едно е во бегство по синоќешното двојно убиство во угостителски објект на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, синоќа околу 23 часот на летната тераса од угостителскиот објект „Император“, 30-годишен охриѓанец кој е во бегство, со истрели од огнено оружје кое нелегално го поседувал, смртно застрелал две лица.

Застреланите Васил Р., претседател на Демохристијанската партија и кандидат за градоначалник на последните локални избори, и Ромео Ѓ., со возило на првата помош биле пренесени во Општата болница во Охрид, каде била констатирана смрт.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.

СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство“ по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.“ – велат од СВР Охрид.

Причните за овој немил настан кој ја потресе охридската јавност се уште се непознати.

За кус период ова е второ двојно убиство во Охридско-струшкиот регион. Неодамна жител на Вевчани, со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.

OhridNews