Обновено: Езерска средба на воените ветерани од регионот во Охрид
24.03.18 16:58
Во организација на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, во Охрид денеска се одржа манифестацијата „Езерска средба, Охрид – 2018“. Како повод беше искористено одбележувањето на 10-годишнината од работењето на охридскиот огранок на здружението. На средбата присуствуваа претседателот на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, почесниот претседател, пратеникот и генерал Илија Николовски, како и претседателите на националните здруженија на ветераните од Бугарија – генерал Топалов, на Албанија – генерал Кондури, претставници од Србија и други гости.
На отворањето на средбата, хорот на средношколскиот центар Свети Климент Охридски, ја изведе химната на Република Македонија и охридската староградска песна Билјана платно белеше.
Покровителот на манифестацијата, градоначалникот Стојаноски, во својот поздравен говор ја нагласи континуираната поддршка и помош што општина Охрид ја дава на невладиниот сектор, особено на проекти кои ја интензивираат прекуграничната соработка и отвораат можност за заеднички настап пред европските фондови.
Стојаноски ја нагласи определбата овој настан да се искористи како повод, да прерасне во традиција, во насока на соработка и разбирање на народите од трите соседни пријателски земји.
Истовремено, рече тој, со оваа манифестација се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот. Негови гости беа градоначалниците од општините во Македонија и Албанија кои гравитираат околу Охридското Езеро.
Претседателот на општинскиот огранок на ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца, Добре Вељаноски, посочи дека низ досегашното работно искуство и делување, ги реализирале планираните активности не само во двете општини, туку и пошироко во цела Западна Македонија.
– Особено ни е секојдневна и сеопфатна соработката со Здружението на борците и поддржувачи од Охрид, при што со задоволство ја истакнувам нашата активност во негувањето и афирмацијата на револуционерните и борбени традиции. Во општина Дебрца оспособивме 4 спомен објекти, како наш придонес за одбележување на настаните од НОВ: Спомен соба на НОВ во Дебрца (Белчишта), Спомен дом на Првата македонско косовска борбена бригада (Сливово), Спомен дом на ГШ на НОВ и ПОМ (Црвена Вода) и Спомен соба на Шестата бригада и баталљонот “Мирче Ацев” (Годивје) – нагласи Вељаноски.
Претседателот на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, акцент стави на заедничкото делување на ветераните и помладото членство, додека за резултатите рече дека се тие плод на искуството и ентузијазмот.
– Формирани сме 2001 година, имаме 13 ограноци во земјата со над 1.400 членови. Иницијатоири сме на зближување на земјите и народите. Многу блиску соработуваме со албанската асоцијација, на кој план е најактивно членството од Охрид, потоа со Бугарија, Србија, Хрватска, Србија, Словенија и Романија. Се поврзуваме и со нашите колеги од БиХ и Унгарија.-потенцираше Котели.
На свечента седница говореа и гостите од националните асоцијации на Бугарија и Албанија. Беа доделени дипломи, благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните. Тие ги разгледаа културно-историските знаменитости во старото градско јадро, по што имаа заедничка прослава во хотелот Нова Ривиера.
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во...
Ставен во функција новиот современ анестезиолошки апарат во Специјализираната болница за нефрологија – Струга наменет за потребите на Одделот за анестезија и реанимација при Уролошкото одделе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.