Сообраќајна несреќа денес се случи кај село Горенци. Во несреќата според информациите на СВР Охрид учествувало едно возило кое излетало од патот.

Повредени се двете лица кои биле во возилото, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Сообраќајна несреќа кај Горенци, повредени две лица

Иако првично беше соопштено дека лицата се со лесни повреди, сепак неофицијално дознаваме дека жената се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во болница во Скопје, додека мажот е хоспитализиран во болница во Охрид.

Н.С.Ј.