Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“, e победник на полуратаонот на 9-то издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Тој патеката од 21 километар ја мина за 1:08:53, што е за повеќе од една минута подобро од неговото победничко време минатата година (1:10:01) и нов рекорд на трката.

Втор на целта целта пристигна Мирослав Спасов од Бугарија (1:14:51ч.), а трет беше Муџахид Мислими од Македонија)1:14:54ч.).

Во женска конкуренција на полумаратонот триумфираше Фросина Михајловска од АК Аеродром, Македонија (1:28:37), пред Теа Божиновска од АСК Скопски маратон, Македонија (1:29:35) и унгарката Шила Богнар (1:3012).

Наградите на победниците на полумаратонот во машка и женска конкуренција ги доделија Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

На трката од 5 километри во машка конкуренција двојна победа на Македонија. Прв на целта пристигна Коста Петровски (18:48мин.) пред Григоријан Никовски (18:52мин.) и Илир Келези (19:53 мин.).

Во женска конкуренција на трката од 5 километри триумфираше Дарија Крстевска од АК Олимп, Македонија со време 23:12 минути, пред пред Емили Ивановска од АК Скопски маратон (25:27) и Лазарина Христова од Бугарија (25:37).

Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција, победи екипата на АК Врањски маратонци (1:23:49ч.), пред Вирбу Цирбу (1:30:12) и PowerfitbyEp (1:32:41ч.). Во конкуренција на микс штафети победи Атомик (1:31:35ч.), пред Битола трчат (1:33:32ч.) и АК 7 Ноември Гевгелија (1:35:00ч.).

Во штафетната трка на 5 километри  во машка конкуренција победи тимот на Гостилница кај Мече (1:33:35), пред Instinct bar&food (1:43:04) и ЛТХ Леарница (1:46:22). Во женска конкуренција победи штафетата на BFit (2:00:10ч.), пред АК Охрид трчаТ (2:01:01ч.) и Run Away (2:09:38ч.).

Годинава на „Охрид трчаТ“ учествуваат рекордни 2400 тркачи од 28 земји.

Г.М.
Фото: А. Момироска