Охридската полиција спречила кражба на делови од макета на тенк кој потекнува од времето на ЈНА, во месноста Мауцкер, на имот кој е предмет на денационализација. На лице место биле затекнати две лица како се обидуваат да натоварат делови од тенкот во товарно возило. Деловите им биле одземени и пренесени во просториите на чуварската служба на локалитетот.
Случајот го забележале службите на кјавното комунално претпријатие кое стопанисува со депонијата во Мауцкер.
-Вчера сабајле при доаѓање на работа вработените во Комуналец забележале делови од исечени тенкови, бидејќи тоа не е во наша надлежност известен е СВР Охрид за понашатошна постапка, изјави Елена Скрческа, директор на ЈЛ „Охридски Комуналец“.
Ова е втор обид во изминатите два месеца за кражба на делови од старото оклопно возило кое повеќе од три децении е оставено на забот на времето. Исто така пред изведен период биле затекнати две лица како вршат оштетување на тенкот. И во тој случај деловите кои биле издадени од тенкот биле одземени од страна на полицијата.
За случајот СВР Охрид се обратил до АРМ од каде била добиена информација дека стариот тенк не се користи од војската во никакви цели.
Инаку на просторот на Мауцкер имало три тенкови, а сега се останати делови од еден. Се претпоставува дека деловите од неколку десетици тони тешките стари орудија завршиле во отпад како старо железо, кое се откупува по цена од 12 денари за килограм.
Со цел да се спречи натамошно оштетување на старото воено орудие и други добра на просторот на Мауцкер од СВР Охрид најавуваат дека ќе ја засилат контролата на тој простор.