По повод празникот Собор на Св. Архангел Михаил денес во манастирот Свети Наум Охридски се одржа света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Во предвечерието на големиот христијански празник, голем број верници ја посетија и црквата „ Св. Архангел Михаил“ во населбата Кошишта, каде се одржа литургија.
Празникот свечено беше одбележан и во домовите на охриѓани кои овој ден го имаат како куќна слава.
OhridNews