Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, плажа ресторанот Потпеш кај Канео, го одбележа својот десетти роденден.

 

Прославата беше заокружена вчера вечер со коктел забава, на која присуствуваа голем број гости и соработници на менаџерскиот тим.

Веднаш по самото уредување во 2007 година, плажата Потпеш стана едно од најпосетуваните места на брегот на Охридското Езеро, препознатлива по прекрасниот и неповторлив амбиент, внимателно одбран екстериер и ентериер, убава музика и вкусна традицонална храна.  

Во текот на изминатите десет години Потпеш е место на кое се слават најубавите семејни веселби, родендени, средби на пријатели, секојдневно се ужива во прекрасната езерска шир, релаксирајќи се со одлично подготвени коктели и прекрасна музика.

Гостите имале можност да уживаат во прекрасните звуци на Коштана, во изведбата на Синтезис, како и бројните настапи на познати музички имиња и евергрин вечери.

Менаџерскиот тим на плажа-ресторанот Потпеш ветува задржување на врвниот квалитет на услуга и понуда, која постојано ќе се збогатува.

T.K.
фото: А.М.