Неколку плевни изгореа до темел во пожарот кој попладнево избувнал во селото Мешеишта, охридско.
Според првичните неофицијални информации, во пожарот угинале 5 телиња, а 13 биле спасени од огнената стихија. Повредени луѓе нема, а не се загрозени ниту куќите на жителите.
Во гаснењето учествуваат повеќе возила на Противпожарната единица од Охрид, како и локалното население. Пожарникарите успеале да го локализираат огнот, но проблем им создава силниот ветер поради што, тие и натаму остануваат на терен со цел да не се дозволи повторно активирање на пожарот.
Сеуште не се познати причините за пожарот и висината на материјалната штета, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
OhridNews
фото: ЕМИЛИО