По вчерашната одлука на Меѓуресорската владина група за спроведување на Договорот од Преспа и уставните измени, која предвидува Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена, денес тоа најпрвин беше направено на преминот Богородица на македонско-грчката граница. Попладнево, пак, табла со натписот Република Северна Македонија поставена е и на граничниот премин Ќафасан.

Таблата е нова и на неа пишува Република Северна Македонија на македонски, албански и англиски јазик.

 

Се очекува табли со новото име на земјата да бидат поставени и на останатаите гранични премини. Инаку, вчера беше доставено и заедничко писмо до Генералниот секретар на ОН, со кое се информира за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба меѓу Македонија и Грција.

OhridNews