Со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ и свечена приредба на ОУ „Свети Климент Охридски“, синоќа започнаа свеченостите по повод патрониот празник на Охрид Св. Климен Охридски, заштитникот на градот.

Чествувањата продолжуваат денеска на пладне, со свечености во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Вечерта во 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Дедо и внук“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Свечената академија по повод празникот ќе се одржи утре вечер, 7 декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот, на која ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот. Воедно средното училиште „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи патрониот празник.

OhridNews