Тешко товарно возило – шлепер кое пренесувало цевки се преврте денеска околу пладне на магистралата Охрид – Кичево, во непосредна близина на црквата Св. Петка кај селото Ботун .
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, извршен е увид на лице место со цел да се утврдат причините поради кои дошло до превртување на шлеперот, односно дали станува збор за пречекорување на брзината или друг технички проблем.
Возачот на шлеперот не се здобил со повреди. Се преземаат активности за подигање на шлеперот.
По краткиот прекин, сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.
OhridNews
фото: „Емилио“