Голем број верници од Охрид и околните градови, традиционално, од синоќа го посетуваат манастирот Св. Наум каде се одбележува празникот посветен на овој голем светител. Дел од нив пристигнаа со охридската бела флота.
Верниците, кои ги имаше во голем број, стрпливо чекаа во ред за да влезат во манастирската црква да запалат свеќа за здравје и да се поклонат на гробот на Св. Наум за кој се верува дека има чудотворна моќ.
Традиционално за празникот се кршеше осветена погача, а некои верници според старите верувања, на овој ден принесуваат курбан.
Неодминлив декор од празнувањето е и отворениот панаѓур, каде можат да се купат разно разни производи.
Манастирот Св. Наум верниците го посетуваат и денеска.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ