Горан Устијаноски е избран за раководител на Капетанијата на пристаништа во Охрид.

Одлуката ја донела Владата на седницата одржана вчера.

Устијаноски, како што соопшти владиниот портпарол,  има соодветни квалификации и потребно искуство за извршување на функцијата.

-Владата го прифати предлогот на Министерството за транспорт и врски, и одлучи да именува нов капетан на капетанијата во Охрид. Нов капетан на Капетанијата во Охрид ќе биде Горан Устијановски од Охрид, кој има долгогодишно искуство во оваа област.Има дипломирано на Факултетот за туризам и угостителство. Има положен испит за звање бродовозач во внатрешна пловидба, и положен испит за звање морнар. Актуелен претседател на Здружението на бродари и посади на брод, и долгогодишен капетан на бродот Галеб.-изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Устијаноски на раководната функција во Капетанијата доаѓа на местото на Љупчо Настоски, кој беше разрешен во мај.

OhridNews